Поранешниот капитен на Барелона, Карлес Пујол смета дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Карлес Пујол направи интересна компарација со Мајкл Џордан во однос на статусот на Меси.
„Ако ме прашате мене кој е Мајкл Џордан, јас секогаш ќе ви одговорам дека тој е најдобриот кошаркар во историајта. Истото го мислам и за Меси, тој го има неговиот статус. Тој е најдобриот фудбалер во историјата“, изјави Пујол.
Пујол вели дека навивачите на реал Мадрид не можат да прифатат дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во историјата.
„Знам дека ова им е тешко на навивачите на Реал Мадрид да го прифатат, но тоа е мое мислење. Верувам дека Меси ќе продолжи да ја предводи Барселона до нови трофеи“, заклучи Пујол.