Дома Фудбал Франција Само двајца фудбалери на ПСЖ не беа мета на навивачите

Само двајца фудбалери на ПСЖ не беа мета на навивачите

Фудбалерите на ПСЖ триумфираа со 3-0 против Бордо, меѓутоа во текот на целиот натпревар добиваа критики од нивните навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фановите ги навредуваа „светците“ поради елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) од Реал Мадрид. Најголеми критики добија Лионел Меси и Нејмар, а свирежи немаше само кога топката беше за Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.

Мбапе ги поздрави со гол, додека Хакими не даде погодок, меѓутоа доби аплауз од трибините кога излезе од теренот во 88. минута.

Незадоволството во Париз е огромно, па така навивачите на стадионот испишаа дека ПСЖ никогаш нема да биде катарски и така испратија јасна порака до богатите газди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Moќта на Ламин Јамал: Од еден негов мал потег во финаледо моден бренд заработи милиони

Младиот шпански фудбалски феномен Ламин Јамал уште еднаш покажа колкава влијателност има н…