Дома Фудбал Италија Навивачите на Милан можат да здивнат, Пјонтек останува во клубот

Навивачите на Милан можат да здивнат, Пјонтек останува во клубот

0

Навивачите на Милан можат да здивнат, полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек нема да го напушти клубот ова лето, така барем пренесува Калчомеркато.

Да потсетиме, Пјонтек во редовите на Милан стигна во јануари од Џенова, а веќе за неколку месеци во дресот на Росонерите успеа да го пробуди интересот на бројни европски великани.

Навивачите се плашеа дека Милан мора да го продаде поради тоа што клубот не обезбеди место кое наредната сезона води во ЛШ, но Калчомеркато пренесува дека од тоа нема да има ништо.

Наводно, челниците на Милан одлучиле да не го продаваат напаѓачот за било која сума, па него во овој клуб ќе го гледаме и следната сезона.

Инаку, овој 23-годишен напаѓач во актуелната сезона одигра вкупно 40 натпревари за Милан и Џенова во сите натпреварувања и постигна 29 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го потпишува најскапиот спонзорски договор во Премиер лигата

Европскиот шампион Ливерпул наскоро ќе потпише рекорден спонзорски договор во Премиер лига…