Фудбалерите на Челзи вчера доживеаа тежок пораз од Манчестер Јунајтед на стартот од новата сезона во Премиер лигата (4:0).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ лошо ја отворија новата сезона. Манчестер Јунајтед победи со 4:0, а тимот на Френк Лампард покажа дека се уште не е потполно спремен за новата сезона.
За Челзи во овој натпревар дебитираше Кристијан Пулишиќ кој играше во второто полувреме, но не успеа да помогне. Токму Пулишиќ се најде на мета на навивачите на Јунајтед после натпреварот.
Имено, тие пронајдоа твит на Пулишиќ објавен во 2014 година и му порачаа дека истиот може да си го објави и сега.
Твитот глас: Кога знаеш дека си направил грешка.
Секако алудираа на тоа дека направил грешка кога го избрал Челзи.,
