Дома Фудбал Англија Навивачите на Арсенал изненадени: Клубот во сред криза договори засилување од 100.000 неделно

Навивачите на Арсенал изненадени: Клубот во сред криза договори засилување од 100.000 неделно

Екипата на Арсенал денеска договори големо засилување, пренесуваат англиските медиуми.

Како што беше и претходно најавено во клубот пристигнува Бразилецот Вилијан.

Тој наскоро и официјално ќе стане слободен играч откако ќе му истече договорот со Челси, а Топџиите и покрај големата финансиска криза му понудија спектакуларен договор.

Иако за три дена ќе наполни 32 години, Вилијан во Арсенал доби тригодишен договор кој е вреден дури 100.000 фунти неделно.

Поради тоа навивачите на клубот се изненадени бидејќи клубот неодамна објави дека поради финансиски проблеми мора да отпуштат 55 вработени.

Овој трансфер ќе биде објавен многу брзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…