Репрезентативецот на Македонија, Висар Муслиу, од денеска е нов фудбалер на Шкендија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот фудбалер на Вардар, доаѓа како позајмен фудбалер од Приштина, а Шкендија има право да го откупи неговиот договор на крајот од оваа сезона.
Муслиу настапуваше во Вардар во есенската полусезона, откако пристигна од Ренова, минатово лето. Меѓутоа, имал само аматерски договор со „црвено-црните“, па без никаква отштета замина во Приштина, а од таму се пресели во Шкендија.
Шкендија и Приштина всушност одиграа „игра“ со која го изираа Вардар за потписот на 23-годишниот Муслиу.