Жозе Мурињо беше и официјално назначен за нов тренер на Фенербахче, а најголема желба во летниот преоден рок ќе биде турскиот талент Арда Гулер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку европски гиганти минатото лето беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката и за неговиот потпис му плати 22 милиони евра на Фенербахче.
Гулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може да се избори со големата конкуренција.
Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација и да го врати во Фенербахче на позајмица, каде ќе му гарантира првотимски статус.
Останува да се види дали Реал е спремен да го пушти на позајмица поради поголема минутажа.