Дома Фудбал Мурињо: Јас платив за лошото однесување, другите тренери НЕ

Мурињо: Јас платив за лошото однесување, другите тренери НЕ

Менаџерот  на Тотенхем, Жозе Мурињо го обвини раководството на Премиер лигата за двојни аршини.

Мурињо верува дека има многу поинаков третман и дека другите тренери не се казнувани за грешките кои ги прават.

„Она што можам да го кажам е дека кога лошо се однесував, платив за тоа. И платив на два начина: прво гледав натпревари на ТВ во соблекувалната и второ платив огромни казни. Се чувствувам како за некои други момци да важат казните. Ова не им се случува нив. Ако судиите и резервниот арбитер се тука за да ја завршат оваа работа, се надевам дека ќе го сторат тоа и ќе постапат како што треба“, истакна Мурињо.

„Мислам дека се променив. Станав подобар во контролирањето на моите емоции, станав помирен, а исто така научив подобро да ја следам играта. Чувствував дека морам да го променам однесувањето и многу сум среќен поради тоа“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…