Дома Трансфер зона Мурињо: Трофејот во Конференциска лига е поважен од Скудетото

Мурињо: Трофејот во Конференциска лига е поважен од Скудетото

Рома не успеа да забележи победа и на петтиот натпревар во низа во Серија А, „волчицата“ не успеа да ја искористи доминацијата против Венезија и натпреварот заврши со реми.

Овој натпревар беше последен за Рома на домашен терен, а Мурињо после истиот им се заблагодари на навивачите за поддршката во изминатиот период. Рома до крајот на сезоната е во игра за освојувањето на трофејот во Конференциска лига каде што ќе игра против Феенорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Рома е едно големо семејство, останавме после натпреварот за да им се заблагодариме на навивачите. Имаме шанса да стигнеме до освоениот пехар, мислам дека заслужуваме такво нешто“, изјави Мурињо, а потоа даде изјава за која многумина сметаат дека само самиот се теши.

„Ако се случи да ја освоиме Конференциската лига од аспект на страст и желба, тој пехар ќе биде поважен и повеќе ќе им значи на навивачите отколку шампионската титула на „росонерите“ или „нероаѕурите“. Не знам дали секогаш било вака, но Рома има фантастични навивачи“, истакна португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…