Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, сака да го доведе Единсон Кавани на „Олд трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Кавани очекува ПСЖ да му понуди нов договор бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2018 година, но сеуште не се почнати преговори, па Мурињо сака да го искористи тој факт.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Мурињо наводно подготвил понуда за фантастичниот Уругваец, тој е цврсто решен да го доведе во редовите на Манчестер Јунајтед како замена за Златан Ибрахимовиќ.
Кавани оваа сезона игра во фантастична форма и постигна 14 гола на 14 настапи за ПСЖ, но и тој самиот сака да ја промени средината и е отворен за преселба во Англија.