Дома Трансфер зона Мурињо спреми 120 милиони за Ребиќ и Мекгваер

Мурињо спреми 120 милиони за Ребиќ и Мекгваер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо јавно призна дека до крајот на преодниот рок сака да донесе уште две засилувања, а медиумите веќе ги открија нивните имиња.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мурињо сака да ја засили одбраната и нападот и по секоја цена сака да ги донесе Хрватот Анте Ребиќ и Англичанецот Хери Мегваер на „Олд Трафорд“.

Според британските медиуми, Лестер Сити за својот стопер бара 70 милиони евра, а германски Ајнтрахт Франфурт нема да го пушти Ребиќ за помалку од 40-50 милиони евра.

Ребиќ имаше одлична сезона во Бундеслигата, но и уште подобар настап на Светското првенство во Русија каде беше еден од најдобрите играчи на „коцкестите“.

Сепак, на „Специјалниот“ нема да му биде лесно да ги донесе на „Олд Трафорд“ двајцата фудбалери, за кои е спремен да издвои 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…