Дома Фудбал Италија Мурињо со ултиматум до Рома, бара три големи засилувања

Мурињо со ултиматум до Рома, бара три големи засилувања

Жозе Мурињо сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на Рома за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но Португалецот не сака да почне сезона со договор кој истекува на крајот на сезоната.

Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. „Специјалниот“ преферира да остане во Рома, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.

Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Дефанзивец, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Неговото име често се поврзува со други клубови како и со бразилската репрезентација, па на лето ќе донесе одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …