Дома Фудбал Англија Мурињо смета дека Ло Селсо е подобар од Бруно Фернандеш

Мурињо смета дека Ло Селсо е подобар од Бруно Фернандеш

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направи интересна споредба помеѓу двојот играч Ло Селсо и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Фернандеш беше голема желба на Мурињо, но на крајот заврши во Манчестер Јунајтед и прикажува фантастични партии.

Сепак, „Специјалниот“ вели дека не би го менувал Ло Селсо со својот сонародник.

„Не знам дека Ло Селсо е фудбалерот кој дошол во Тотенхем наместо Бруно Фернандеш, но ако е такка, тогаш не би го сменил тоа, не би го сменил Џовани за ниту еден фудбалер“, истакна Мурињо.

„Не би го сменил, не само за Бруно, туку за ниту еден друг играч. Кога дојдов во клубот тој не играше. Немаше детски реакции, немаше плачење, жалење, агенти, пораки преку прес и социјални медиуми од фамилијата. Туку само меѓу мене и него, ми рече: „Ќе ти покажам“ и ми покажуваче чекор по чекор“,додаде „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Зинедин Зидан во првите две ипол сезони како тренер освои три титули во Лигата на шампиони…