Мурињо неодамна пристигна во Тотенхем, на местото на Покетино, кога тимот се наоѓаше во голема резултатска криза.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Специјалниот“ донесе промена во тимот, кој сега игра многу подобро, но дефинитивно потребно му е повеќе време додека работите да ги доведе на свое место.
Мурињо после синоќешниот пораз од Баерн го потврди тоа и истакна дека тимот во февруари ќе биде одличен.
„Знам дека во Премиер лигата се поминува низ луд период за Божиќ и тоа често остава трага на играчите, тимовите и нивниот статус. Но, до февруари подобро ќе ги запознаат моите играчи и тие мене ќе ме разбираат подобро. Во фебруари ќе бидеме страшни“, убеден е Мурињо.
Тотенхем моментално е на 7-то место на табелата во Премиер лигата и задачата на Мурињо е да го донесе тимот во Топ 4.