Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Лацио, Стефан де Вриј на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот, а негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата.
Де Вриј веќе го известил раководството дека не планира да го обнови договорот кој му истекува во 2018 година и сака да направи трансфер на крајот на сезоната.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
24-годишниот стопер има понуди од многу европски клубови, а медиумите во Италија тврдат дека веќе се договорил со Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ веќе постигнале договор со неговиот агент и се спремни да понудат 35 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе биде доволна да го убеди Лацио да го пушти Холанѓанецот.
Мурињо е во потрага по квалитетен дефанзивец и смета дека Де Вриј би бил идеален партнер на Баи кој игра одлично оваа сезона.