Дома Фудбал Англија Мурињо по поразот од Тотенхем: Игравме смешно

Мурињо по поразот од Тотенхем: Игравме смешно

Манчестер Јунајтед загуби во вчерашното дерби од 25 коло во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Ѓаволите“ го одиграа еден од најлошите натпревари оваа сезона, а Тотенхем поведе после само 11 скунди игра, за во 28 минут Фил Џонс да си постигне автогол за 2:0.

„Мислам дека баш и не е нормално да примите гол после само неколку секунди. Смешни се двата гола кои ги примивме. Првиот е плод на низа грешки кои ги направивме. Тоа едноставно ве убива, Тотенхем после тој погодок играше како што сакаше“, изјави Мурињо.

Од друга страна Покетино беше презадоволен.

„Ова можеби беше и наш најдобар натпревар на „Вембли“. Доминиравме, не примивме гол и одигравме без грешки. Сега сме во позиција да се бориме за првите четири места“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Роналдо мислеше само на жени и забави“

Познатиот италијански тренер Фабио Капело се присети на своето време во Реал Мадрид, изнес…