Жозе Мурињо во 2013 година на грд начин го напушти Реал Мадрид.
Португалецот пристигна во клубот од „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година кога во овој клуб работите не изгледаа баш најдобро, а поранешниот тренер на Реал потсети дека имал важна улога во успесите на овој клуб кои следеа послеа тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека за седум или усм години не стигнаа до четвртфиналето. Не играа ниту во полуфинале или четвртфинале. Во мојата прва сезона се плашевме од Лион, клубот беше исплашен. Не можев да сфатам како клуб како Реал може да се плаши од Лион кој беше добар тим, но сепак тоа беше Лион“.
„Во сезоната 2011/2012 испаднавме во полуфиналето на пенал со Кака, Рамос и Кристиано Роналдо кои беа одлични изведувачи на пенали, но тогаш промашија. Во Примера освоивме 100 бодови и во Лигата на шампионите испаднавме во полуфиналето“, потсети Мурињо.