Дома Фудбал Останато Мурињо објаснува како Меси станал гениј во Барселона (ВИДЕО)

Мурињо објаснува како Меси станал гениј во Барселона (ВИДЕО)

0

Лионел Меси долго ќе слуша критики откако Барселона испушти водство од 3:0 против Ливерпул после првиот натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите и на „Енфилд“ Каталонците беа декласирани со 4:0 и заслужено се изборија за финале.

Сепак, постои и оние кои го бранат најдобриот играч на Барселона. Еден од нив е и Жозе Мурињо, легендарниот португалски тренер. Мурињо во овој момент е без клупски ангажман после отказот во Манчестер Јунајтед и работи како аналитичар во телевизијата „беИН Спортс“.

„Можам да кажам дека сум среќен што цело време бев блиску до него кога ја развиваше кариерата. Првиот натпревар кој го одигра за Барселона беше нивното гостувањето на стадионот на Порто во 2004 година. Играв против него во Челзи, Интер и во Реал каде што бев три сезони. Многу луѓе го тренираа, но од година во година тој стануваше само подобар. Можам да кажам дека е гениј“, изјави Мурињо.

Мурињо потоа додаде и дека Меси имал одлични соиграчи во Барселона скоро во текот на целата кариера.

„Покрај тоа што е фантастичен играч, тој секогаш имал добри соиграчи. Кога игра помеѓу линијата, тој ја добива топката во добра ситуација од Пике, но тоа е додавање кое не може да го направи секој стопер. Може да влезе во средината од левата страна бидејќи Жорди Алба во еден натпревар 25 пати прави пордор по неговата страна. Во нападот Суарез му прави многу простор. Кога е на десната страна и не игра во одбраната Ракитиќ го затвара просторот позади него. Сакам да кажем дека тој во Барселона секогаш имал добра поддршка и добри тренери. Сеедно то је гениј, прашање е каква Барселона ќе гледаме кога тој ќе се пензионира“, објасни Португалецот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Среќната јакна на Гвардиола продадена за огромна сума!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола минатата сезона на повеќето натпревари носеше си…