Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо репрезентативната пауза како и обично ја искористи за во живо да скаутира фудбалери кои би можел да ги донесе во својот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатата недела Мурињо во живо го гледаше мечот помеѓу Белгија и Исланд во Лигата на нации, а медиумите веднаш побрзаа да заклучат дека „Специјалниот“ го следел дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед.
Меѓутоа, белгиските медиуми сега ја открија вистинската причина за присуството на Мурињо, а тоа е Аксел Витсел кој ова лето пристигна во Борусија Дортмунд.
Вител после Мундијалот ја прекина авантурата во Кина и се врати во Европа, каде игра фантастични партии во дресот на „милионерите“.
Мурињо е инпресиониран од неговата форма оваа сезона и сака да го донесе Белгиецот на „Олд Трафорд“.