Медиумите на Островот пишуваат дека Жозе Мурињо нема клазула за прекин на соработката и ако Тотенхем сака да го отпушти тогаш ќе треба да му исплати богата компезација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Некаде на средина од декември Тотенхем беше прв на табелата, меѓутоа во последните девет натпревари Тотенхем забележа само две победи и сега заостануваат цели 17 бода зад лидерот Манчестер Сити. Таа бодовна разлика за нив значи и дека не можат да се надеваат на титулата во ПЛ.
Мурињо во медиумите е критикуван поради стилот на игра како и за начинот на кој постапува со Герет Бејл и Деле Али.
Денес „Атлетик“ пишува дека во договорот на Португалецот нема клазула за прекина на соработката и ако Тотенхем се реши да го отпушти ќе мора да му исплати голема сума. Мурињо има договор до 2023 година со плата од околу 15 милиони евра и затоа во Тотенхем нема да брзаат со одлуката.