Дома Трансфер зона Мурињо најде идеална замена за Мајкл Керик!

Мурињо најде идеална замена за Мајкл Керик!

Манчестер Јунајтед и ова лето ќе биде многу активен на трансфер пазарот, па се појави и ново име на листата желби на Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалерот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Ерик Дајер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Дајер е одличен на позицијата заден везен, иако кај Покетино оваа сезона во неколку наврати играше и во одбраната.

Мурињо смета дека тој е идеално решение за „црвените ѓаволи“ како замена за Мајкл Керик и партнер на Пол Погба во средниот ред.

Сепак, трансферот сигурно ќе биде тежок за реализација бидејќи Тотенхем исклучително го цени овој фудбалер и не сакаат да започнат преговори за сума помала од 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…