Дома Фудбал Англија Мурињо направи шоу на првиот прес и најави: Можеме да ја освоиме титулата следната сезона

Мурињо направи шоу на првиот прес и најави: Можеме да ја освоиме титулата следната сезона

Мурињо денес ја имаше првата пресконференција како менаџер на Тотенхем на која се определи себе си како скромен човек и вети дека нема да го менува стилот на игра на „спарси“.

„Пред да почнеме, морам да го споменам Маурисио и да му честитам за сработеното. Морам да го споделам со вас она што веќе е споделено внатре во клбот. Тотнем секогаш ќе биде негов домот, тренинг центарот секогаш ќе биде негов. Може да се врати кога сака, доколку му недостасуваат играчите, доколку му недостасуваат луѓето со кои работел , вратите секогаш се отворени за него“, истакна Мурињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Среќен сум и убеден дека направив одличен избор. Потенцијалнот на клубот е огромен, на играчите исто така. Знам дека потенцијално имаме одлична екипа. Оваа сезона не можеме да ја освоиме титулата. Но, следната сезона мислам дека ќе бидеме спремни за титулата, иако не викам дека ќе ја освоиме. Јас сум скромен, доволно скромен за објективно да ја анализирам мојата кариера. Јас сум во период кога не се работи за мене, туку се работи за клубот, за фановите, фудбалерите. Не за мене. Јас сум тука да се обидам да им помогнам на сите“, додаде Португалецот.

На крајот Мурињо беше запрашан за изјавата која ја даде во 2015 година како менаџер на Челзи, дека никогаш нема да седне на клупата на Тотенхем.

„Тоа беше пред да добијам отказ“, низ смеа одговори Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…