Дома Фудбал Англија Мурињо: Кејн е најдобар напаѓач во ПЛ ама не би сакал да играм против Варди

Мурињо: Кејн е најдобар напаѓач во ПЛ ама не би сакал да играм против Варди

Toтенхем во недела ќе го пречека Лестер откако во средата со голот на Роберто Фирмино во 90. минута изгуби од Ливерпул 2:1.

Лестер оваа сезона игра во солидна форма и има само бод помалку од Тотенхем, а пред овој натпревар Жозе Мурињо истакна големи пофалби за Џејми Варди.

„Варди може да игра во било кој тим во Премиер лигата. Жал ми е што доцна дојде тука, ако дојдеше порано во ПЛ сигурен сум дека ќе имаше уште поголема кариера. Кога би бил дефанзивец не би сакал да играм против него. Нашиот Хари Кејн е најдобар напаѓач во лигата, но Варди за секој клуб би бил од голема важност“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…