На Манчестер Јунајтед не му „цветаат рози“ оваа сезона, па менаџерот Жозе Мурињо реши да ја засили дисциплината.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, португалскиот стратег нема да им даде на играчите ни слободен ден за време на престојните празници, па закажа тренинг и на Божиќ.
Оваа вест ги шпкираше играчите, кои се навикнати на овој ден да бидат слободни, така и запослените во клубот. Кога Алекс Фергусон беше менаџер на клубот никогаш не одржа тренинг на Божиќ.
Мурињо и минатата година сакаше да работи на Божиќ, но му беше кажано дека тоа е невозможно бидејќи луѓето кои се вратобети во тренинг центарот ќе мораат да дојдат на работа, а по правило тоа е неработен ден.
Сепак, клубот сега ќе мора да ангажира додатен персонал само за тој ден бидејќи „Специјалниот“ после поразот од Валенсија инсистира да се одржи тренинг и на Божиќ.