Тотенхем изгледа пронајде решение за во нападот, барем додека не се опорави Хари Кејн.
Шпанските медиуми објавија дека Муриео го избрал 28 годишниот напаѓач на Реал Сосиедад Вилијан Жозе. Наводно овој играч во текот на утрешниот ден би требало да пристигне во Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе во Сосиедад пристигна во 2016 година и прерасна во вистински лидер на тимот од „Сан Себастијан“.
Проблем може да претставува откупната клазула од 70 милиони евра, но тоа и не е сума која Тотенхем не би можел да ја плати.
Интересно е што Вилијан Жозе не се најде во составот на Сосиедад за вечерашниот куп натпревар против Еспањол.
ℹ️ Cambio de última hora en la convocatoria: Lobete (dorsal 35) entra en la lista en lugar de Willian José. El delantero ha pedido al Club quedarse al margen hasta que se aclare su situación #AurreraReala pic.twitter.com/aVYulGVRqY
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) January 22, 2020