Жозе Мурињо не сака да ја напушти Рома.
Португалецот претходно изјавуваше дека сака да остане до крај на договорот во Рим, а покажа и дека тоа сериозно го мисли. Евертон се распрашувал за Мурињо откако го отпуштиле Бенитез, но Мурињо порачал дека намера сега се враќа во Премиер лигата каде што ги водеше Челзи, Јунајтед и Тотенхем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Евертон така ја продолжил потрагата, а најблиску до клупата на „карамелите“ е Роберто Мартинез. Вчера Евертон ги потврди најавите и го отпушти Бенитез после лошите резултати и проблемите со играчите.
Шпанецот се правдаше дека повредите и короната го направиле своето, бараше трпение, но очигледно работите не функционирале.