Хари Винкс вчера постигна спектакуларен гол во натпреварот помеѓу Тотенхем и Лудогорец, а по натпреварот призна дека не сакал да шутира кон голот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Винкс постигна гол скоро од половина терен. После натпреварот призна дека сакал да му нафрли на Бејл.
„Не сакав да шутирам во гол, сакав да нафрлам на Бејл“, призна Винкс.
На неговиот коментар се надоврза Мурињо.
„Да бев јас не местото на Винкс никогаш немаше да признаам дека сум сакал да нафрлам. Ќе кажаев дека сакав шутирам и ќе ја добиев наградата „Пушкаш“, сепак Винкс е искрено момче“, се пошегува Мурињо.