Дома Топ вести Мурињо дал ветување, Вудворд реагирал, Венгер спремил замена – Сега СЕ е на Санчез!

Мурињо дал ветување, Вудворд реагирал, Венгер спремил замена – Сега СЕ е на Санчез!

1

Како што пренесува „Дејли Мејл“, Алексис Санчез е блиску до тоа да стане најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Англиските медиуми овие денови пишуваат за големата „војна“ на градските ривали Јунајтед и Сити! Иако изгледаше дека Манчестер Сити е поблиску до Санчез нешто се промени и сега Жозе Мурињо е во „пол“ позиција, така барем пренесува „Дејли Мејл“.

Мурињо наводно му ветил на директорот Ед Вудворд дека дефинитивно се откажува од Гризман и Бејл доколку клубот му обезбеди пари за Чилеанецот овој месец. Јунајтед веднаш реагираше со понуда од 40 милиони фунти што сигурно ги задоволува апетитите на Арсен Венгер, а потоа и лесно го убедил Алексис Санчез со примања од 350.000 фунти неделно.

Познато е дека Сити на Арсенал му нудеше 20 милиони фунти и дека му ветуваше сериозна плата на лето, дури 70 милиони фунти за четири години.

Проблемот на Сити во овој момент е финансискиот фер-плеј и тоа е причината поради која Сити не е во можност да понуди повеќе од 20 милиони фунти.. Гвардиола наводно на лето планира продажба на Агуеро, Туре и Мангала со што би го растеретил буџетот за скапи засилувања, но тоа е веќе друга тема…

Она што е суштина на ова е тоа дека сега се е на Алексис Санчез. Или оди веднаш во Јунајтед и станува најплатен фудбалер во Премиер лигата или го чека летото и трансферот во Манчестер Сити, бидејќи Арсенал не помислува да го пушти својот фудбалер за сума помала од 20 милиони евра.

Дека Венгер е спремен да го пушти Санчез до крајот на месецот за понуда од 40 милиони евра говори и податокот што според француските медиуми тој спрема понуда за Бразилецот од Бордо, Малком кој изнесува 35 милиони фунти. Сепак, се додава дека преговорите нема да бидат баш лесни и дека сигурно ќе потраат некое време бидејќи од Бордо имаат намера од „топчиите“ да извлечат 45 милиони фунти за својот најдобар играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Сити на чекор од првото летно засилување

Новиот англиски шампион, Манчестер Сити е на чекор да го обезбеди првото големо засилување…