Дома Трансфер зона Мурињо го убедува Дибала да ја избере Рома

Мурињо го убедува Дибала да ја избере Рома

Паоло Дибала во понеделникот се збогуваше со навивачите и наредната сезона нема да го носи дресот на Јувентус. Засега не е познато каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата, а како една од опциите се појави Рома.

Во претходниот период Интер се истакнуваше како фаворит за потписот на Дибала, а се споменуваа уште Тотенхем, Арсенал и Атлетико Мадрид. Меѓутоа според последните информации Жозе Мурињо се обидува да го убеди Дибала да ја избере Рома.

Иако во медиумите Интер важи за фаворит, сепак се појави и изјава на Дибала во која порачува дека нема никогаш да потпише за „нероаѕурите“ поради ривалството со Јувентус.

Рома не може да му понуди на Дибала настап во Лигата на шампионите, меѓутоа „Ла Република“ наведува дека соработката со Мурињо е главниот адут на „волчицата“. Не е познато дали барањата на Дибала можат да бидат проблем за Рома, а олеснителна околност за италијанскиот клуб е што Аргентинецот би пристигнал без оштетување како слободен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Специја му дала „корпа“ на Дани Алвес!

Најтрофејниот фудбалер Дани Алвес ја добил една од најголемите „шлаканици“ во кариерата Во…