Дома Трансфер зона Мурињо го продава Санчез и носи две засилувања во јануари!?

Мурињо го продава Санчез и носи две засилувања во јануари!?

mourinho

Дали Мурињо ќе преживее до јануари останува да видиме, има дури седум натпревари, сметајќи го и оној против Њукасл овој викенд.

Ако успее да се извлече од оваа ситуација, ќе направи многу промени. Имено, речиси е сигурно дека Јунајтед на сите начини се обидува да го продаде Санчез, за него се заинтересирани ПСЖ, но и Реал Мадрид, во клубот сакаат да се ослободат од неговата голема плата, а нема да инсистира на големи пари.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Уште некои играчи, но не и Погба, во јануари сакаат да го напуштат клубт, но тоа се фудбалери од вториот план како Дармиан и Џонс.

Мурињо на сите начини сака да се обиде да ја засили одбраната, првата цел е Хумелс од Баерн кој е незадоволен во Минхен, а се зборува дека ќе се обиде да доведе уште еден напаѓач како алтернативна замена за Лукаку. Се споменуваат неколку имиња, меѓу нив и некои нереални мети како Икарди и Бензема, но и помлади играчи како што се Пјатек од Џенова. За него е заинтересиран и Челзи, но наводно Вудворд е подготвен да вложи повеќе пари.

Инаку, денеска се појави ново име како можен негов наследник, станува збор за Брендан Роџерс, бидејќи мали се шансите Зидан да го превземе клубот.

Пол Сколс кој е голем критичар, сепак е за да остане Португалецот, но да престане да се жали и расправа. Инсијдарите од клубот тврдат дека главната причина што некои играчи се против Мурињо е тоа што кажува многу работи во јавноста, што прави кавга во соблекувалната и што е целосно е поинаква од кога го напушти помошникот Руи Фариа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…