Дома Фудбал Италија Мурињо го надмудри Гасперини: Убедлива победа на Рома во Бергамо

Мурињо го надмудри Гасперини: Убедлива победа на Рома во Бергамо

Во натпреварот од 18. коло во Серија А Рома со 4:1 славеше против Аталанта и тоа на гости.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аталанта беше можеби благф фаворит пред натпреварот, но Мурињо го надмудри Гасперини и оствари голема победа со која Рома дојде до 31 бод и петтата позиција на табелата. Аталанта после овој пораз останува трета, но можеби го губи чекорот со водечките тимови.

Денес Рома до водство дојде уште во првата минута преку Тами Абрахам. Потоа следеа напади на Аталанта, но Рома од контра преку Заниоло во 27. минута доаѓа до 0:2. Во завршницата од полувремето Муриел намали на 1:2.

Запата во 68. минута изедначи на 2:2 и исходот на мечот можеби ќе беше поинаков ако ВАР не го понишеше овој гол поради офсајд. Само четири минути подоцна Смолинг стрела за 1:3. Точка на натпреварот стави Абрахам во 82. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…