Дома Трансфер зона Мурињо го започна шопингот: Пристигнува тандем од 90 милиони!

Мурињо го започна шопингот: Пристигнува тандем од 90 милиони!

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед веќе ги договорил трансферите на двете ѕвезди на Бенфика и дека само прашање на време е кога тие ќе бидат официјализирани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за стоперот Виктор Линделоф и десниот бек Нелсон Самедо, фудбалери за кои Жозе Мурињо беше заинтересиран и во зимскиот преоден рок.

Агент на двајцата фудбалери е Жорге Мендеш па логично беше „црвените ѓаволи“ лесно да најдат договор со играчите, а за двајцата ќе искешираат точно 90 милиони евра.

Португалските медиуми се сигурни дека двата трансфери се договорени, но сепак сеуште нема никаква потврда од двата клуба.

За овие двајца фудбалери постои интерес од многу европски клубови, но Јунатед ја победил конкуренцијата и ќе ги донесе на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…