Дома Трансфер зона Мурињо го договори првото засилување за 47 милиони!

Мурињо го договори првото засилување за 47 милиони!

Манчестер Јунајтед веќе го договори првото засилување за наредната сезона. Како што пренесуваат англиските медиуми Виктор Линделоф веќе потпишал преддоговор со кубот од „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стоперот на Бенфика и шведски репрезентативец веќе подолго време е голема желба на Жозе Мурињо и сакаше да го донесе уште во зимскиот преоден рок.

Според последните информации Линделоф веќе потпишал преддоговор со Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 47 милиони евра. Наводно голема улога во ангажманот на 22-годишниот дефанзивец одиграл и неговиот сонародник Златан Ибрахимовиќ.

Линделоф е еден од најдобрите млади стопри во Европа и беше мета на многу европски гиганти, но Јунајтед прв презеде конкретни чекори за негово привлекување и ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…