Откако по завршувањето на полусезоната ја напушти Брегалница, Муарем Муарем пронајде нов ангажман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Муарем Муарем пристигнува како големо засилување во редовите на второлигашот Гостиваар.
Очекувањата се тој да биде од голема корист во вториот дел од сезоната. Зад себе Муарем Муарем има големо искуство со играње во екипи како Карабах во Азербејџан, Актобе од Казахстан, како и Ордуспор и Ескешир од Турција.
Во кариерата забележа и седум натпревари за македонската фудбалска репрезентација.