Дома Трансфер зона Мончи појасни: Ако не го продадев Салах, немаше да играме во ЛШ!

Мончи појасни: Ако не го продадев Салах, немаше да играме во ЛШ!

Мохамед Салах синоќа буквално ја потопи „својата“ Рома со два гола и две асистенции во полуфиналето од Лига на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салах ова лето токму од Рома се пресели во Ливерпул за 42 милиони евра, а сега спортскиот директор Мончи објасни зошто клубот се одлучил на таков чекор.

„Јас го продадов Салах. Морав да ја прифатам реалноста. Го продадов за нешто помалку од 42 милиони евра, но постои големо објаснување за тоа. Моравме да го продадеме до 30.јуни. Да не ја реализиравме зделката, немаше да ја поминеме контролата на УЕФА и немаше да играме во Лигата на шампионите, а не пак да стигнеме како сега, до полуфиналето“, појасни Мончи.

„Кога пристигнав јас во Рома, клубот имаше понуда за Салах од 30 милиони евра. Потоа на него, заедно со бонусите, заработивме околу 50 милиони евра“, додаде спортскиот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…