Дома Фудбал Монако и Атлетико Мадрид ги комплетираа најдобрите осум за четвртфинале во Лига на шампиони

Монако и Атлетико Мадрид ги комплетираа најдобрите осум за четвртфинале во Лига на шампиони

Екипите на Монако и Атлетико Мадрид ги пополнија и последните места во четвртфиналната фаза од Лигата на Шампионите, откако беа поуспешни од Манчестер Сити и Баер Леверкузен.

Тимот на Монако успеа да ја надохнади негативата од првиот натпревар против Манчестер Сити, во кој што загуби со 5-3. Францускиот тим славеше со 3-1 на домашен терен, што беше доволно поради головите во гости да оди понатаму.

Стрелци на головите за Монако беа Килиан Мбап, Фабињо и Тиемуе Бакајоко, додека единствениот гол за гостите го постигна Лирој Сане.

Во вториот вечерашен натпревар тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен ја бранеше предноста од 4-2 која што ја оствари на гостувањето во Леверкузен и вечерва одиграа само 0-0.

Монако и Атлетико Мадрид се приклучија на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Борусија Дортмунд, Јувентус и Лестер во четвртфиналето.

Ждрепката за паровите од следната фаза ќе се одржи во петок во 12 часот во Нион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем следи бразилски голман, но во трката има уште четири клуба

Дваесетгодишниот Отавио од Крузеиро го привлече вниманието на Тотенхем. Конкуренцијата е с…