Дома Фудбал Молдавците ги затруле фудбалерите на Јунајтед!

Молдавците ги затруле фудбалерите на Јунајтед!

Дури 12 играчи на Манчестер Јунајтед се чувствувале лош еден ден после натпреварот од Европската лига против молдавскиот Шериф Тираспол.

Јунајтед помина во четвртфиналето победувајќи со резултат 2:0 и така стигнаа до првата победа и првите бодови, во првото коло седум дена претходно беа поразени од Реал Сосиедад.

Ова гостување иако победија нема по добро да го паметат фудбалерите на Јунајтед. Имено, 12 играчи се чувствувале лошо во петокот еден ден после натпреварот пренесува британскиот „Сан“.

Веројатно станува збор за труење со храна. Неколку играчи поради тоа го пресконале тренингот во петокот, а некои не присуствувале и на саботното фотографирање. Така Јунајтед можеби имаше и среќа што нивниот натпревар против Лидс беше одложен поради националната жалост по cмртта на Кралицата Елизабета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…