Дома Трансфер зона Може ли Јуве да изгуби уште еден „столб“ – Киелини сеуште без договор?!

Може ли Јуве да изгуби уште еден „столб“ – Киелини сеуште без договор?!

Дефанзивецот на „старата дама“ Џорџо Киелини сеуште не го продолжил договорот со клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на искусниот фудбалер од одбраната истекува во јуни, а токму Киелини заедно со Бонучи кој премина во Милан, беа лидери на одбраната со која Јувентус минатата сезона стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми пишуваа дека барем засега проблеми нема.

Киелини во овој момент е надвор од терените поради повреда, а „Калчомеркато“ пишува дека 33 годишниот фудбалер би добил понуда за продолжување на соработката на две години.

Јувентус во оваа сезона има големи проблеми со одбраната која во претходните години беше нивни заштитен знак, а тоа можеше и да се забележи во поразот од Барселона од 3:0. Поради тоа тешко е да се верува дека управата на италијанскиот гигант ќе си дозволи да остане без уште еден столб на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…