Eкипата на Тотенхем зад себе има многу добра сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тотенхем во Премиер лигата завршија на четвротот место, но во Лигата на Шампионите успеаа да дојдат до финалето, каде што беа поразени од Ливерпул (2:0). Тренерот на лондонскиот тим, Маурисио Покетино во текот на сезоната имаше доста проблеми со повредените фудбалери и тоа можеби е главниот проблем што Тотенхем имаше падови во формата во одредени делови од сезоната. Сепак, Покетино и во следната сезона ќе има на располагање навистина одличен тим, а тој ова лето би можел да биде и доста засилен.
Многу фудбалери се поврзуваат со доаѓање во редовите на Тотенхем, а ако се остварат нивните цели, Тотенхем без дилема би бил кандидат за висок пласман. Бруно Фернандес е играч кој Покетино силно го сака. За него водат битка со Манчестер Јунајтед и Португалецот наскоро ќе донесе одлука каде сака да ја продолжи својата кариера. Дефанзивниот дел од екипата би требало да го засилат младиот бек на Фулам, Рајан Сесегнон и холандскиот дефанзивец Натан Аке. Двајцата се поврзуваат со трансфер во Тотенхем и наводно работите се блиску до реализација.
Големо засилвуање би можело да пристигне и во средниот ред. Играчот на Лион, Тангуј Ндомбеле наводно веќе се договорил со Тотенхем и сигурно дека ќе биде огромно засилување. Составот кој Тотенхем би можел да го има на располагање изгледа одлично, но прашање е дали овој тим би можел да се спротистави на Манчестер Сити и Ливерпул во борбата за титулата.
