Дома Фудбал Може ли Валенсија до титулата во Примера? – Еве што мисли нивниот тренер!

Може ли Валенсија до титулата во Примера? – Еве што мисли нивниот тренер!

Tренерот на екипата на Валензија, Марселињо Гарсија, Торал после убедливата над Бетис беше запрашан за шансите на неговиот во првенството.

„Невозможно е да се борите за титулата кога тука се Барселона и Реал Мадрид“, изјави Марселињо после победата на неговиот тим од 6:3.

Екипата од „Местаља“ успеа да победи на гостувањето, а со тоа стигнаа до 18 бод оваа сезона и сега се наоѓаат на второто место со еден бод повеќе од Реал Мадрид и четири помалку од Барселона.

„Секогаш ќе стоиме црврсто на земја и ќе одиме чекор по чекор, со ентузијазам, вештина и амбициозност“, изјави Марселињо.

Кога станува збор за натпреварот, тренерот на Валензија смета дека тие биле одлични во првото полувреме.

„Игравме одлично во текот на првите 45 минути, создававме шанси и го контролиравме натпреварот. Меѓутоа не можеме така лесно да се исклучиме. Ова за нас беше добра лекција, натпреварот се игра се до последниот судиски свиреж“, изјави Марселињо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Составен најсилниот тим на Барселона на сите времиња: Што би промениле? (ФОТО)

Да се состави најсилен тим на Барселона во историјата е навистина тешка задача со оглед на…