Дома Трансфер зона Можен изненадувачки трансфер: Балотели и Пандев повторно заедно?

Можен изненадувачки трансфер: Балотели и Пандев повторно заедно?

Медиумите во Италија пишуваат за можен изненадувачки трансфер на Марио Балотели.

Наводно, контроверзниот Балотели е пред трансфер во редовите на Џенова! Според информациите кои доаѓаат од Апенините менаџерот на Балотели, Мино Раиола и го понудил „Супер Марио“ на Џенова, а клубот му возвратил со понуда за договор на една година. Очекувањата се Балотели да ја прифати ваквата понуда.

Балотели минатата сезона беше во Бреша меѓутоа откако клубот испадна од Серија А, а и поради неговиот конфликт со управата си замина. Се најавуваше дека ќе оди надвор од Италија, но сега е блиску да остане во најсилната италијанска конкуренција.

Трансферот на Балотели во Џенова би значел дека тој повторно ќе игра игра заедно со македонската фудбалска икона Горан Пандев со кого заедно во Интер стигнаа до триплета во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан пратил скаути за „новиот Модриќ“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил скаути на „Максимир“ за мечот Динамо…