Дома Фудбал Модриќ ја откри тактичката генијалност на Зидан: Ова беше клучниот детал!

Модриќ ја откри тактичката генијалност на Зидан: Ова беше клучниот детал!

Хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ кој во саботата со Реал Мадрид ја освои својата трета титула шампион на Европа, го откри клучниот детал во победата над Јувентус во финалето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ ја откри тактичката генијалност на тренерот Зинедин Зидан кој ја открил слабата точка на, до тогаш, непробојната одбрана на италијанскиот шампион.

„Зидан и нашиот стручен штаб одлично ја детектираа слабата точка на Јувентус, односно слабоста на нивната одбрана. Во припремите за натпреварот постојано вежбавме повратни топки, бидејќи Зидан заклучи дека нивната одбрана е неприкосновена на центаршути но дека имаат проблем при повратна топка, особено по земја“.

„Тоа го вежбавме неколку дена и на тој начин постигнавме три гола. Секоја чест на тренерот на тој детал, тоа беше одлучувачко во ова финале“, заклучи Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Шпанија: Мундијалот можеби заврши за двајца фудбалери!

Фудбалската репрезентација на Шпанија може да се соочи со сериозни предизвици во продолжен…