Дома Фудбал Модриќ се сеќава: „Добив повик и почнав да плачам“

Модриќ се сеќава: „Добив повик и почнав да плачам“

За Лука Модриќ еден од најубавите моменти во животот му беше освојување на Златната топка која ја доделува Франс Фудбал.

Минатата 2018. за хрватскиот фудбалер беше година за паметење. Освен што со Реал ја покори Европа и со Хрватска ја освои бронзата на СП во Русија, како круна на одличната сезона за Модриќ беше освојувањето на Златната топка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со тоа, Модриќ ја прекина низата од десетгодишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо, кои по пет пати ја освоија оваа награда, а веста дека ќе ја добие оваа престижна награда предизвикала посебни емоции.

На две недели пред гала вечерта од францускиот магазин открија дека 33-годишниот Модриќ во моментот кога бил информиран бил премногу среќен, а сега тој на Јутјуб каналот на Реал Мадрид откри како сето тоа изгледало.

„Бев во својата соба, примив повик од уредникот на Франс Фудбал и тогаш почнав да плачам.“ – изјави Лука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…