Дома Трансфер зона Модриќ: Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!

Модриќ: Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ вчера ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо и официјално стана најдобар фудбалер на светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ ова лето беше главна тема и на трансфер пазарот, па долго се шпекулираше за негов евентуален трансфер во Интер.

Меѓутоа, најдобриот фудбалер на светот стави точка и јасно потврди дека сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

„Никогаш не се гледав во друг клуб освен Реал Мадрид. Би сакал тука да ја завршам кариерата, но ќе видиме што ќе донесе иднината бидејќи Реал е клуб на највисоко ниво. Треба да се оди чекор по чекор, година по година“, изјави Модриќ.

Модриќ има важечки договор со Реал Мадрид од 2020 година, но шпанските медиуми тврдат дека наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…