Дома Фудбал Останато Модриќ не ја криеше тагата пред новинарите по елиминацијата од Сити

Модриќ не ја криеше тагата пред новинарите по елиминацијата од Сити


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ по поразот и елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите не можеше да ја сокрие тагата, па во еден момент и пушти солзи пред новинарите.

Новинарите го запрашаа што се случило по првиот натпревар кој заврши 1:1, па тимот толку паднал за во реваншот да изгуби со 4:0.

„Што се случи? Не бевме добри. Сакавме да играме подобро и поинаку, но не успеавме. Сити покажа супериорност. Ете тоа се случи. Беа подобри во сите сегменти. Тоа мораме да им го признаеме и да им честитаме. Ќе видиме што ќе правиме понатаму“, изјави Модриќ.

Како што стојат работите, Реал Мадрид ќе остане сезонава без трофеј.

„Кога Реал ќе изгуби се е важно. Има многу анализи и критики сега. На тоа мораме да се навикнеме. Критики не смеат да не запрат, посебно не оние конструктивните и мораме да ги прифатиме по ваков тежок пораз“, порача Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети потврди: Заминувам бидејќи сум уморен

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ После претсдателот Де Лаурентис, сега и самиот Лучи…