Репрезентацијата на Хрватска ремизираше во натпреварот против Полска од Лигата на Нации 3:3, а по натпреварот Лука Модриќ беше запрашан за судењето.
Полска успеа да се врати во натпреварот во последните 20 минути кога постигна два гола по исклучувањето на Домоник Ливаковиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јавноста се коментираше судењето на Шпанецот Ернандез Ернандез, а Модриќ вели дека е навикнат на него од Шпанија.
„Не сакам да зборувам за судиите, Ливаковиќ ја изгуби топката и можеби го удри играчот, но за мене тоа не е црвен картон. Но, имаше многу ситуации во кои судијата можеше подобро да суди. Го знам од Ла Лига, се навикнав на него. Нема смисла да трошам зборови на судиите“, изјави Модриќ.