Дома Трансфер зона Модриќ добил изненадувачка понуда од – Реал Мадрид!

Модриќ добил изненадувачка понуда од – Реал Мадрид!

Лука Модриќ не е задоволен од својот статус во екипата на Реал Мадрид, но сега наводно добил понуда за нова улога.

Според последните информации, Карло Анчелоти му понудил на Модриќ место во својот стручен штаб. Модриќ не ја прифатил на најдобар начин намалената минутажа и улогата од клупа, иако оваа година ќе наполни 39 години. Хрватот се чувствува доволно спремен и понатаму да игра,, но очигледно Анчелоти поинаку размислува.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа од друга страна Анчелоти го цени искуството и знаењето на Модриќ, па смета дека сето тоа би било драгоцено и понатаму да го има покрај себе.

Многу веројатно дека Модриќ се уште не размислувал во таа насока, но не се исклучува можноста да ја прифати понудата. Во Реал Мадрид, Модриќ пристигна во 2012 година и од тогаш повторува дека сака тука да ја заврши кариерата. Сега има прилика за такво нешто, но и да започне нешто ново.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…