Дома Фудбал Останато Модриќ денес е голем фудбалер, но уште се сеќава на ќотекот во Требиње, Бања Лука и Зеница

Модриќ денес е голем фудбалер, но уште се сеќава на ќотекот во Требиње, Бања Лука и Зеница

modric

Oсвои Лука Модриќ се што можеше да се освои со Реал Мадрид, стигна и до финалето на Светското првенство со Хрватска, но некои натпревари од времето кога бил тинејџер се уште ги памети.

Во својата автобиографија Модриќ напиша дека најтешко му било да игра во Требиње, Бања Лука и Зеница каде што добил најмногу ќотек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Премиер лигата во БиХ беше доста груба, а посебно беше тешко да се игра на гости. Најлошо беше во Требиње, а за нијанса подобро беше во Бања Лука и Зеница. Судиите таму не ги штитат гостинските играчи. Кога играв таму добив прилично голем ќотек по нозете“.

„Во Требиње настрадаа моите најомилени костобрани со ликот на Роналдо кои љуобоморно ги чувач. Еден противнички играч опасно ми стартуваше со метални крампони на копачките и ми направи дупка на пластаичниот костобран. Ликот на Роналдо ме спаси од тешка повреда“, напишал Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …