Дома Фудбал Репрезентации МНР реагираше за исвиркувањето на бугарската химна: Осуда за ширењето говор на омраза

МНР реагираше за исвиркувањето на бугарската химна: Осуда за ширењето говор на омраза

Натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија вчера не помина во коректно навивање како што се апелираше, пред почетокот на натпреварот жестоко беше исвиркана бугарската химна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес од Министерството за надворешни работи ја осудија ваквата реакција на навивачите:

„Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух.

Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред се’, добри соседи“, стои во реакцијата од МНР

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…