Дома Фудбал Останато Млад италијански фудбалер почина откако паднал во канал во Амстердам

Млад италијански фудбалер почина откако паднал во канал во Амстердам

Kaпитенот на италијанскиот петтолигаш Пикардо Траверстоло, Габриеле Галани починал во Амстердам откако паднал во канал.

Габриеле кој имал 24 години во Амстердам престојува на неколкудневен одмор со пријателите, но се завршило трагично откако паднал во канал во областа Кловенирсобургвал.

Информациите се дека исчезнувањето на фудбалерот било откриено веднаш, бидејќи Галани одел зад пријателите кога паднал во водата. Нуркачите реагирале и го извадиле младиот фудбалер, меѓутоа состојбата веќе му била критична.

24-годишникот не успеал да издржи и починал неколку часа по пристигнувањето во болницата. Полицијата го истражува случајот како дошло до тоа да падне во каналот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Овие луѓе се идиоти“: Навивачите на Манчестер Јунајтед шокирани од одлуките на управата на клубот!

Последните часови од преодниот рок донесоа неверојатни пресврти, големи трансфери и одлуки…